Колачиња со еурокрем
Состојки
- 100 гр чоколада за готвење
- 2 лажици сецкани ореви
- 2 лажици црн еурокрем
Подготовка
Во сад на пареа стопете ја чоколадата па додадете ги сецканите ореви и еурокремот. Промешајте за да се изедначи смесата и потоа полнете ги корпињата и украсете ги со сецкани ореви.
Лесни, брзи а многу вкусни исто ги правам и со бела чоколада и бел еурокрем.