Шарени шпагети
Состојки
- 1 мала паковка шпагети
- 200 гр виршли
- 1 лажица мешан зачин
- 100 гр зејтин
- 1 мала китка брокула
- 1 лажица сол
- 1,5л. вода
Подготовка
Пред да почнеме да го готвиме рецептот ги сечкаме виршлите на кругчиња. Потоа во нив ги нижеме шпагетите. Така ја повторуваме постапката додека не ги нанижеме сите шпагети.
Во длабок сад сипаме вода и додаваме сол да зоврие. Ги додаваме шпагетите и оставаме да се сварат околу 15 минути.
Ги цедиме од водата и ги сервираме во чинија.
Во друг сад ја обаруваме брокулата. Ја цедиме во цедалка и ја запржуваме малку во зејтин. Потоа запржената брокула ја додаваме во шпагетите заедно со маслото во кое ги пропрживме. Промешуваме и додаваме зачин по вкус. Попрскуваме кечап во желба. На здравје.