Испечати

Мини куглофи

Мини куглофи

Состојки

  • 1 шолја=250 мл
  • 1 шолја брашно
  • 1 прашок за печење
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1/4 шолја млеко
  • 50 гр стопен маргарин
  • 1 јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка

Со помош на жица за матење го разматуваме јајцето, па ги додаваме и останатите состојки и се убаво разматуваме.
Смесата се става во најлонска кеса на која и се отсекува ќошето, па се излива во калапи за куглофчиња или можи и во калапи или апарат за крофнички.
Печете на 160 степени околу 15-20 мин. За секој случај проверете со чепкалка.
Готовите куглофи извадете ги од калапите и оставете да се изладат.
Можите да ги украсите секако и по желба. Во овој случај се прелиени со 50 гр бело чоколадо и 1 и пол ракиена чашка слатка павлака, стопени и извриени на рингла. Во средината се украсени со цреши од слатко.