Моцарт торта
Состојки
- 4 јајца
- 160г р шекер
- 110гр мелени ореви
- 30гр чоколада за готвење(рендана)
- 1 лажица плазма бисквити мелени
- 2 лажици брашно
- 18 лажици шеќер во прав
- 200гр чоколада за готвење
- 250гр путер путер
- 600гр вишни
- 500мл слатка павлака
- 3 кесички прашок за шлаг
- 150мл газирана вода
Подготовка
Оваа торта е одлична за оние кои сакаат овошни вкусови, лесна а неверојатно убава.Од состојките за бисквит се прават три такви кори значи вкупно 12 јајца.
Белките ги матиме додавајки малку сол во прсти само потоа го додаваме и шеќерот и матиме во цврст снег.
Брашното го мешаме со ореви, чоколадо и бисквитите и сето тоа заедно го додаваме во снегот од белки и внимателно мешаме .
Се пече во калап обложен со хартија за печење бр 28. Печеме околу 20 мин.
Правиме 3 вакви кори.
Го спремаме филот 12 жолтки матиме со 18 лаж. шеќер во прав и ги вариме на пареа. Кога ќе се згусне ја додаваме чоколадата и тргаме од оган. Во посебен сад матиме 1 путер со малку шеќер во прав.
Кога филот од жолтки ќе олади го додаваме изматениот путер и се заедно мешаме.
Слатката павлака ја матиме и тргаме на страна. Во друг сад матиме 3 кесички прашок за шлаг со 150 мл газирана вода и потоа ги додаваме во слатката павлака и се заедно мешаме.
Кога е се ладно ја редиме тортата бисквит, па фил и врз филот ставам 200 гр вишни добро исцедени. Врз вишните се става смесата од шлаг и слатка павлака и пак по ред бисквит -фил-вишни-шлаг така со сите кори и бидејки на крај завршуваме со шлаг целата ја мачкаме со шлаг и украсуваме по желба.