Пита со ориз и пилешко
Состојки
- ТЕСТО
- 500гр. брашно
- 120гр. маргарин(омекнат)
- 2 јајца
- 1лажичка пециво
- 1лажичка сол
- по потреба млака вода
- ФИЛ
- 150гр. ориз
- 3 пилешки копани
- 200гр. маринирани шампињони
- по потреба сол и црн бибер
- по потреба путер
Подготовка
Во длабок сад ставете ги состојките за тесто и со вода замесете средно меко тесто.
Замесеното тесто поделете го на 2 дела така што едниот да биде малку поголем.
Во меѓувреме подгответе го филот, така што ке го сварете оризот и копаните.
Отккао ке се сварат, оделете го месото од коската на ситни парчиња.
Во тава на оган ставете малку масло и печурките и кратко пропржете. Потоа додајте го месото и оризот и уште малку пропржете.
На крај зачинете го филот со малку сол и бибер.
Од секое парче тесто развлечете кора така ште едната да биде поголена и ставете ја во округол калап со обрач или во обицно округло плекче, така што краевите ке висат надвор од калапоти збоцкајте го тестото со вилушка и нанесете го филот. Ставете малку парченца путер и поклопете со другата кора. Од делот од поголемата кора сто виси надвор од калапот формирајте витки, попрскате со масло и печете на 200 степени.
Послужете со јогурт.