Плетенки со фил од праз
Состојки
- 1 јајца
- 1/ 2 лажиче шеќер
- 20 гр свеж квасец
- 1 лажиче сол
- 125 мл млако млеко
- 100 мл јогурт
- 2 лажици масло
- 1 рамно лажиче прашок за печење
- 1/2 кг брашно
- * За фил
- 2 страка праз
- 300 гр (најмалку) сирење или изварка
- 3 јајца
- * За премачкување
- 1 јајце
- малку сусам
Подготовка
По стандардна процедура активирајте го квасецот и од сите состојки измесете хомогено тесто.
Оставете го да се дуплира, па потоа исучете правоаголна кора која со нож ќе ја поделите на повеќе правоаголници. Големината е произволна во зависност од тоа колку големи ќе сакате да ви бидат. Овие се правени поголеми за нас дома за вечера, појадок.
Секое правоаголниче од око поделете го на 3 дела вертикално и крајните делови (страните) со нож косо засечете ги.
Ставете од филот во незасечениот дел (средината) и наизменично преклопувајте по една лента од секоја страна-правете плетенки.
Премачкајте ги со јајце и наросете одозгора сусам.
Печете на 180 степени додека не поруменат.
За филот, празот се сецка и малку се попржува, колку да омекни. Веднаш се додава сирењето или изварката (урдата) и се пржи додека убаво не се изедначи. Во меѓувреме пред самиот крај ринглата се исклучува, па кога ќе се додадат јајцата само на топло добро се се промешува на веќе исклучената рингла... колку да се поврзат со празот и сирењето, но не и да се испржат.
Овие плетенки секако можи да се прават и со друг фил, како само изварка со јајца, или фил за пица-кечап, салама, кашкавал, печурки...
Одлични се со чаша јогурт, добар апетит!