Испечати

Грав во грне

Грав во грне

Состојки

  • 250 гр грав
  • 2 моркови
  • 1 пиперка сува
  • 1 патлиџан
  • 1,5л. вода
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 100 гр зејтин
  • 1 лажица вегета

Подготовка

За подготовка на ова јадење потребно е гравот да се измие и зоврие. Така зовриениот грав се цеди и се става во грне. Се полева со врела вода и се става на оган. Пожелно е да се вари на шпорет на дрва. Во садот се додава сецкан морков, сува пипека и патлиџан. Се заедно се вари на тивок оган околу 1 час.

Откако гравот е сварен се прави запршка.
Се запржува кромидот и потоа се додава брашното да зарумени, а потоа црвениот пипер. На крајот му се додава запршката во грнето и се остава да поврие уште малку. Се додава вегетата. Се вадат морковите, пиперката и патлиџанот и се пасираат, па се враќаат во грнето.
Ова е наш прекрасен зимски ручек. Грнето со својата земјена смеса и дава преубав вкус на чорбата. Пробајте. На здравје