Испечати

Зимска салата

Зимска салата

Состојки

  • 1/4 кисела зелка
  • 1 страк праз
  • 4-5 листови свежа рукола (може и сушена)
  • 10 маслинки по избор
  • прстофат оригано,ким и црн пипер
  • по потреба маслиново масло

Подготовка

Во зимскиот период кога најчесто јадеме потешка храна,оваа витаминска салата од кисела зелка е вистинско освежување за сечија трпеза.

Зависно од големината на зелката користиме пола или четвртина глава. Најдобро е кога ќе ги извадите листовите од зелката да ги поминете во една до две води. Убаво истегајте ги за да се исцеди секој вишок на течност. Исецкајте на парчиња по Ваша желба, не предолги и преголеми.
Исчистете го празот и исецкајте го на тркалца од околу 1 см.
Руколата може да се исецка и на поголеми парченца или да се искине со раце. Не ја ситнете премногу,па да се изгуби вкусот. Маслинките ставете ги цели, а доколку сакате и нив може да ги исецкате. Додадете ги овие состојки во садот со зелката.
Зачинете со оригано, ким и црн пипер, залејте со маслиново масло и се убаво измешајте.

Во оваа салата никогаш не додавам сол бидејќи расолната зелка е секогаш солена сама по себе. Ако сметате дека има потреба за дополнителни количини слободно дотурете си.

Кристофер Колумбо на своето патување кон Америка наредил морнарите што ќе одбијат да јадат кисела зелка да бидат бичувани.
Јас немам намера да ве присилувам.Сите ги знаеме придобивките од користењето на оваа зимница, па затоа и најискрено Ви ја препорачувам салатава.

На здравје!