Италијанска салата (со кисели јаболки)
Состојки
- 1 кг компири
- 2 кисели јаболки
- 4 варени јајца
- 2 главици кромид
- 3-4 сардини
- 1- 2 лажички сол
- 4 лажици сок од лимон или ( бел вински оцет )
- 1 лажица сенф
- 3 лажици зејтин
Подготовка
Оваа салата ја пронајдов прелистувајки низ некои постари готвачи и се одлучив да ја спремам. Малку бев скептик за вкусот. Сепак не бев во право. Кога ја спремав вечерта ми дојдоа гости и ме радува што на сите им се бендиса, секако и на мене.
Само јас додадов уште 2 сардинки а сенф ставив 2 лажици. Сепак за количината одлучете сами, а и за посолувањето најдобро да си пробате сепак зависи од вашиот вкус.
Најпрвин ги вариме компирите, ги лупиме и ги сецкаме на ситни коцки. Ги сецкаме ситно кромидот сардините и тврдо варените јајца. Сите состојки ги ставаме во подлабок сад, ги додаваме зачините. Добро ја промешуваме салатата и ја ставаме во чинија за послужување. Декорираме по желба.
Можете да ја служите и како прилог со печење. Се надевам дека оваа салата ќе ви се допадне, па повелете. Ви посакувам добар апетит.