Принцески - брзински доручек
Состојки
- според потребата кришки на бајат леб,
- околу 200 гр. мелено месо (или рендан сувомесен производ од типот на посебната салама)
- околу 100 гр. кашкавал
- 1 помала главица кромид
- зачинки сол, вегета, оригано, бибер
- според потребата маргарин, маслац или путер
Подготовка
Ова е еден од начините да се искористи бајатиот леб. Не напишав количини точни поради тоа што ова навистина нема мерка, се од око ценејки колку кришки ќе спремате и според особите кои нестрпливо ќе чекаат доручек.
Значи вака
-Исечете го бајатиот леб на кришки, намачкајте ги со маргарин.
- Меленото месо измешајте го со малку рендано кромидче, колку за вкус, сол, вегета, бибер, рендан кашкавал. Со оваа смеса намачкајте ги кришките леб, поросете со малку оригано. Ставете ги да се подпечат во рерната на висина веднаш под греачите. Се печат околу 5-6 минути - но тоа зависи и од самите греачи, значи сами ќе оцените кога се готови. Кашкавалот е стопен, месото е испечено.
Смесата од меленото месо можете да ја спремите на начин кој што вам најповеќе ви се допаѓа... овој мој рецепт повеке како идеја.
Доколку се одлучите со сувомеснато, тогаш само изрендајте го сувомеснатото.
Друга варијанта
Исто вака можете да спремите со тоа што грубо нарендано сирење измешајте со јајце, ставате врз намачканата кришка леб со маргарин, ставете да печете исто како предходно опишаното.
Наместо сирење, пробајте и со урда.
Едно време се продаваше специјале апарат за вакви принцески, а го носеше и името Принцесник, јас сеуште го имам,
Пријатен доручек!