Слатко од млади оревчиња
Состојки
- 1 кгр. млади оревчиња
- 2 кгр. шеќер
- 800 мл. вода
- 1 ванила
- 2 лимона
- За пред варење
- 1 рака шеќер
- 1 ванила
Подготовка
Знам дека не е сега врема за пишување рецепт за вакво слатко, но секогаш има НО.... овој рецепт специјално за Љубица, а истовремено и за сите вас, имајте го во предвид, времето бргу проаѓа!
Љубице, повели рецептот.
Ова слатко не е зимница, ова е деликатес.
Постапка
Ова слатко се спрема кога оревите се сосема мали и млади, да не им е језгрото - јатката оцврстена, да не е окостено, наберети ги.
1. Младите ореви засечете ги од двете страни, горе и доле, а со една игла за плетење или чачкалица избодете ги на неколку места. Ставете ги во некој сад, облијте ги со вода. Секој ден менувајте им ја водата дури и по трипати на ден. Така се ќе изливате и преливате со вода 10 дена, а за целото тоа време ќе забележите дека првата вода ако била скоро црна... полека - полека таа за ова време се избиструва, а оревите омекнуваат. Кога оваа постапка завршила, со тенок нож внимателно тргнете им ја тенката лушпа, а после тоа повторно ги миете во неколку води.
2. Пред варење
Во тенџере ставете рака шеќер, ванила, вода колку што е потребно да ги облие оревите, варете ги околу 20 мин. Оставете ги да одстојат во оваа вода 1 нок.
3. Наредниот ден извадете ги од сирупот во кој стоеле и оставете во цедалка да се цедат. За тоа време ставете го шеќерот, ванилата и водата да провријат и веднаш додадете ги оревите да се варат. Додека се варат додадете им насечените и излупени два лимона. Понатаму продолжете да го варите како секое слатко. Кога шербетот е готов да капе капка по капка, тргнете го слаткото, покријте со влажна крпа тенџерето и наредниот ден соберете во тегли. Земајки во обзир дека оревите се полни со вода, постои можност да се самиот шербет разреди, затоа нема ништо страшно ако го вратите пак на огнот и доварете.
НАПОМЕНА
На овој начин спремано слаткото ја добива таа сомотска боја.
А сега проследете уште еден начин на подготовка
Подготовка 2
На овој начин спремањето на ова слатко се одвива само во еден цел ден, но не ја добивата оваа фантастична боја. Постапката е иста како слаткото од дивите смокви.
Значи, младите ореви веднаш откако ги наберете ги лупите од тенката лушпа и ги варите менувајки им ја водата толку пати колку што е потребно последната вода да биде бистра.
Потребно е повеке 1,1/2 кгр. шеќер и вода онолку коку да се облие целата количина на шеќер. Понатаму се вари како и предходната постапка..
Па драги мои, останува на вас да одлучите на кој начин ке го спремате слаткото.
Љубице, праша за вкусот... тенка е линијата која го дели слаткото од диви смокви.