Посни рафаело топчиња
Состојки
- 250мл вода
- 4лажици шеќер
- 3лажици густин-нишесте
- 125гр маргарин
- 125гр шеќер во прав
- 100гр лешници
- 250гр кокос
- 100гр кокос за одозгора
Подготовка
Водата се става со шеќерот да проврие. Густинот се разматува во малку вода и се истура во зовриената вода, па се вари густ крем. Одкако ќе се олади на нишестето му се додава маргаринот пенасто изматен со шеќерот во прав.
Смесата убаво се мати, се дотура кокосот и се меси. Со влажни раце се формираат бомбички и во секоја се става по еден лешник. Бомбиците се валаат во кокос.
Необичен вкус, но сепак интересен и овие бомбички се одличен декор на посните трпези.