Новогодишна елка колач
Состојки
- 2 јајца
- 2 супени лажици мед
- 1 пециво
- 1 ванила
- 600 гр брашно
- 2 филџанчиња масло
- 2 филџанчиња шеќер
- 1 парче парче шампита
- 1 пакетче цимет
- 1 пакетче украсни топчиња за декорирање
- 1 стапче за ражничиња
- по потреба зелена прехрамбена боја
Подготовка
Во пластичен сад ги кршиме двете јајца и додаваме, шеќерот, медот и ванилата, промешуваме и го додаваме брашното, зејтинот и пецивото. Зачинуваме со цимет.
Месиме тесто од состојките и додаваме зелена прехрамбена боја.
Развлекуваме голема кора. Со калапчиња ги отсекуваме звездите кои ќе ја сочинуваат елката. Почнуваме од најголема, па до најмала ѕвезда. Ги редиме во подмачкан плех и ставаме да се пече на температура од 200 степени.
Внимателно ги вадиме од плехот и ги редиме во плитка чинија да изладат. Додека ѕвездичките изладуваат, ние ја земаме шампитата и ја делиме на неколку делови. Во секое делче ставаме различна прехрамбена боја, која што ќе служи за декорирање на елката. Изладените звездички ги земаме и почнуваме да ја редиме елката. На долниот дел ја ставаме најголемата звезда, а потоа една врз друга ги редиме останатите се додека не стасаме на врвот. Оставаме мал дел од стапчето да се гледа. Најмалата звездичка ја премачкуваме со шампитата и ја редиме со прехрамбени монистри. Ја ставаме на врвот на елката. Потоа полека ја декорираме елката по желба во разните бои кои ги приготвивме претходно. Елката е готова. Прекрасно новогодишно изненадување за сите, а најголема радост за дечињата. На здравје.