Испечати

Рижото од пченка и соја трошки

Рижото од пченка и соја трошки

Состојки

  • 250гр. ориз
  • 200гр. пченка од конзерва
  • 2филџани соја трошки
  • 1главица кромид
  • 250гр. маринирани шампињони
  • 30гр. путер
  • по потреба сол, црн бибер, вегета
  • по потреба топла вода

Подготовка

Во тава на оган ставете маслиново масло, сецканиот кромид и печурките и пропржете додека кромидот омекне.
Потоа додајте го оризот, пченката и соја трошките(претходно потопени во топла вода и исцедени).
Зачинете, пропржете уште малку и налејте топла вода.
Поклопете ја тавата со капак и оставете на тивок оган да се динста.
Сосема на крај додајте го путерот и промешајте додека се растопи.
Послужете го топло.