Вегетаријански лазањи
Состојки
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 5-6 пиперки
- 1 модар патлиџан
- 2 домати/ или доматен сос
- 2 чешниња лук
- неколку маслинки
- Сос
- 2 лажици брашно
- 1 коцка за супа
- 2 јајца
- 200 гр. сирење
- малку сол и црн бибер
Подготовка
Се сецка зеленчукот на покрупни долгнавести парчиња само модриот патлиџан на коцки. Се запржува кромидот, па се додава морковот, модриот патлиџан, пиперките и на крајот доматите без лушпа (или доматниот сос) и лукот ситно исецкан. Зачинете со сол и бибер.
Во тава за печење се редат лазањите и врз нив се става запржениот зеленчук и се додаваат маслинките без семките.
Во тавата каде се пржеше зеленчукот се додава малку масло и кога ќе се загрее се додава брашното да се запржи па се додава 300 мл. вода, а потоа и коцката за супа. Откако ќе се олади во него се додаваат јајцата изматени заедно со сирењето. Се става во загреана рерна да се пече.
Ако ви се гледа дека е суво, додадете малку вода или доматен сос. И тоа е тоа.