Испечати

Брза солена торта

Брза солена торта

Состојки

  • 3 јајца
  • 150гр сецкана шунка
  • 150гр рендан кашкавал
  • 2 варени рендани моркови
  • 3лажици обарен спанаќ
  • 8лажици брашно
  • 1 пециво
  • 100мл зејтин
  • прелив
  • 250гр кисела павлака
  • 2 варени рендани жолчки или рендан кашкавал

Подготовка

Јајцата се матат со зејтинот, а потоа се додаваат морковот, спанаќот, шунката, кашкавалот, брашното и пецивото. Смесата се меша со лажица и се истура во плехче да се пече(јас обично го печам во 28 или 30)
Одкако ќе се испече се остава да се олади, па се премачкува со павлака и се рендаат варените жолчки или се ренда кашкавал.
Тортата веднаш се прави, а доста е вкусна и декоративна, погодана за слави, родендени и др забави. Навидум изгледа дека е сува но кашкавалот и зејтинот и даваат мекост и кремаст вкус.