Макало со суви печени пиперки
Состојки
- 2 главици лук
- 10 парчиња суви чушки (пиперки)
- 100 мл зејтин
- 500 мл вода
- 100 гр ореви
- 2 лажичиња сол
Подготовка
За почеток на ова посно јадење е потребно сувите пиперки да се испечат на оган. Потоа се оставаат малку на страна за да се исушат, за да бидат крцкави за дробење.
Додека чекаме пиперките да се испечат, земаме еден ваган ( дрвена длабока чинија) и во него го ставаме лукот и солта. Толчиме со толчник додека лукчето не го стопиме со солта. Во ваганот ги додаваме и оревите и продолжуваме со толчењето.
Ги додаваме печените суви пиперки, ронејќи ги во смесата. Откако се е додадено во ваганот, ја полеваме жешката вода. Промешуваме.
Како крај на оваа посна вечера е зејтинчето кое го полеваме врз макалото. (зејтинот мора да е зовриен и се полева врел ). Пријатна вечера