Испечати

Блага погача со фил од афион

Блага погача со фил од афион

Состојки

  • 1 кг. брашно
  • 200 мл. млако млеко
  • 100 мл. зејтин
  • 100 гр. маргарин (растопен)
  • 150 гр. шеќер
  • 3 јајца и 1 белка
  • 1 лажица оцет
  • 1 коцка свеж квасец
  • 2 ванили
  • малку сол
  • За Фил
  • 150 мл. млеко
  • 150 гр. афион
  • 2 лажици гриз
  • 1 ванила
  • 150 гр. шеќер
  • За премачкување
  • 1 жолчка
  • 2 лажици зејтин

Подготовка

Квасецот се раствара во 100 мл. млако млеко, со 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно, се добива средно густа смеса. Се остава да стаса. Јајцата со шеќерот се матат со жица за матење и после се додава се друго, млекото, малку сол, ванила, оцет, зејтин, маргарин.
Во предходно одмереното брашно се истура втасаниот квасец и смесата со јајцата и убаво треба да се умеси во меко и мазно тесто, додека тестото не почне само да се одлепува од рацете. Доколку тестото и подолго месење, се лепи по рацете може да се додаде уште малку брашно. Се остава тестото да стасува околу 1 час.

Во меѓувреме се подготвува филот. Млекото со шеќерот се става на оган да зоврие, па се додава и афионот, се заедно врие околу 15 минути и после се додаваат и 2 лажици гриз и ванила. треба да се добие средно густ фил, колку да може лесно да се нанесува по тесто (ниту ретко, нуту многу густо).
Се остава филот да се излади.
Откако ќе стаса тестото, од целото тесто се сука голема правоаголна кора, кората се премачкува со филот и се витка во ролат. На ролатот му се отсекуваат краевите (делови кои се ставаат во средина на погачата). Ролатот се префрла во плех обложен со хартија за печење.
Ролатот го сечеме со ножички на парчиња од околу 2 цм, но не докрај, како на сликата подолу. После две прачиња ги вртиме на десно, едно парче го завртуваме кон средината на плехот, но исто така свртено надесно, пак две парчиња свртени надесно едно навнатре итн, како на сликата. Краевите од ролатот кои прво ги исековме се ставаат во средина. Погачата се премачкува со жолчка и зејтин. Се остава да стасува уте 1 час. После се пече 45 минути на 175 степени.