Фереро
Состојки
- 100 гр. темно чоколадо
- 125 гр. путер
- 2 лажици мед
- 0,25 шоља- кафеав шеќер (мерката е со шоља од 250 мл)
- 0,25 шоља-какао во прав
- 0,5 шоља-пржени мелени лешници
- 0,5 шоља-пченкарни снегулки
Подготовка
На тивок оган во сад се растопува чоколадото искршено на коцки заедно со путерот. Постојано мешаме додека двете состојки не се растопат и за да не се одвои маснотијата од путерот и да исплива на површина. Се додава шеќерот, медот, какаото во прав и се заедно се растопува односно додека шеќерот потполно не се растопи.
Се трга садот на страна и се додаваат претходно испржените и сомелени лешници и пченкарните снегулки и се заедно добро се измешува. Смесата ќе испадне малку поретка, ама кога ќе се стави во фрижидер ќе се стегне. Од изладената смеса со раце формираме топчиња со големина на орев и ги валкаме во претходно испржени и на крупно сомелени лешници.
Уживајте!!