Баклава со презла и ореви
Состојки
- 500гр кори
- ФИЛ
- 180гр маргарин
- 120гр шеќер
- 1 лажица презла
- 2 јајца
- 200гр мелени ореви
- 100мл масло
- ШЕРБЕТ
- 1000кг шеќер
- 600мл вода
Подготовка
Во подмачкан плех се редат половината од корите попрскани со масло. Над нив се става фил припремен вака:
Се матат јајцата со шеќерот и се додава маргаринот, презлата и мелените ореви.
Се реди другата половина на корите попрскани со масло. Се сече на коцки, ромбоиди и пече на температура од 180 степени
Оладената баклава се прелива со топол шербет.
Пријатно!