Испечати

Скандинавски доручек

Скандинавски доручек

Состојки

  • 2,5 шољи бело брашно
  • 1 јајце
  • 1/2 шоља зејтин
  • 1 прашок за печење
  • 1/2 мало лажиче сол
  • 1 шоља јогурт
  • Фил
  • 3 јајца
  • 100-200гр сирење (по желба и потреба)

Подготовка

Од сите состојки со лажица или маталка ја мешаме смесата убаво да се изедначи. Тестото кое е многу меко и се лепи за рацете го ставаме во намачкан плех со зејтин (број 32) и убаво го распоредуваме со лажицата или уште подобро со раце убаво намастени со зејтин за да не се лепи тестото за рацете.

За фил
Гмечиме 100-200 грама сирење кое го мешаме со 3 јајца. Смесата ја посипуваме врз тестото и со лажица го распоредуваме филот, но внимаваме да не ни отиде скроз до крајот на плехот, односно да се гледа малку и од тестото.
Врз делот од тестото што не е покриен со филот може да посолите сусам. Печеме 20 минути на 220С да се добие убава кора на филот и убава румена боја на тестото.
Врз тестото може да се стави и кечап, па во филот да се наренда салама и одозгора да се наренда кашкавал и исто да се пече 20 минути на 220С и ке добиеме и превкусна пица
значи со филот можете како сакате да експериментирате