Испечати

Интегрално домашно лепче

Интегрално домашно лепче

Состојки

  • 600 гр бело брашно
  • 400 гр интегрално пченично брашно
  • 3 лажици супени масло
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажиче сол
  • 3 супени лажици павлака
  • 350 мл млака вода
  • 2 супени лажици семки од тиква
  • 2 супени лажици сончоглед
  • 2 супени лажици толчено ленео семе

Подготовка

Се става квасецот да стаса со малку млака вода, лажиче шеќер и лажиче брашно.
Во подлабок сад ставете ги останатите состојки, без водата и додадете го стасаниот квасец. Со дрвена лажица мешајте полека ставајќи ја водата во состојките. Смесата треба да биде леплива.
Оставете да стаса. Кога е стасано премесете го. Повторете ја постапката уште еднаш.
Во плехче за печење обложете го со хартија за печење и истурете ја смесата. Веднаш ставете го плехчето да се пече во претходно загреана рерна на 220 С.Печете 30 мин на оваа температура, а потоа намалете ја 180 С и печете уште 25 мин.
Кога е готово лепчето извадете го на крпа и одозгора премачкајте го со разредена вода со масло.
Оставете да се олади.

Кога ќе дојдата ладните денови практикувам вакво лепче, бидејќи е доста вкусно и одлично со сиренце и ајвар. Се разбира додека е топло никој не може да му одолее.
Добар апетит