Шешир торта
Состојки
- Бела кора
- 5 белки од јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици сечкани бадеми
- 4 лажици брашно
- Црна кора
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 2 лажици лебни трошки
- 2 лажици какао
- Фил
- 10 жолчки
- 1 литар млеко
- 350 гр. шеќер
- 10 лажици брашно
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 100 гр. млечно чоколадо
- За украсување
- 400гр. локум
- 400 гр. шеќер во прав
- 2 пакетчиња шлаг крем од ванила
- 200мл. млеко
Подготовка
Кори.
Белките се матат со шеќерот и се додаваат сечканите бадеми и брашното. Се пече во плех бр. 32 на 180 степени 15 минути. Се прават 2 такви кори.
За црната кора се матат цели јајцата со шеќерот и се додава брашното измешано со лебни трошки и какао. Едната црна кора се пече во кружно плекче бр. 32, а втората во четвртасто а потоа од него се сечат три кори во форма на круг со различна големина за формирање на шеширот.
Фил.
Жолчките се матат со миксер и постепено се додава брашно и млеко (200мл.), а останатото млеко заедно со шеќерот се загрева во тенџере на оган. Кога ќе се затопли млекото се додава изматената смеса со жолчки и се меша додека не се згусне. Потоа се трга настрана да се излади. Откако ќе се излади се додава еден изматен маргарин и смесата се дели на 3 дела.
Во еден дел се става 100 гр. стопено чоколадо и се меша, а потоа уште 100 гр. сечкано млечно чоколадо. Се филува бела кора-жолт фил-црна кора- чоколаден фил-белка кора жолт фил. Постапката се повторува и со корите за шеширот само што тие се редат во длабока чинија во форма на полутопка се остава да се стегне 4-5 часа во фрижидер.
Локумот се меси со шеќер во прав, се додава прехранбена боја да се обои. Се меси додека не се добие цврста смеса. Дел од локумот се обојува со сосем малку кафеава боја за да добиеме крем боја и од него правиме машна и цветови за шеширот. Целата торта се премачкува со шлаг крем од ванила, а потоа со црвеното тесто од локум се покрива тортата и се оформува шеширот. Се става машната и цветовите на шеширот.