Испечати

Зеленчукова салата со макарони

Зеленчукова салата со макарони

Состојки

  • 4 кисели краставичиња
  • 2 главици кромид
  • 1 лук
  • 2 големи кисели моркови
  • 100 гр пченка
  • 100 гр грашок
  • 400гр. ситни макарони
  • 4 виршли
  • по желба/потреба мајонез

Подготовка

Макароните се варат во загреана посолена вода. Добро се цедат и се префрлаат во подлабок сад за да истинат.
Во блендер се ставаат кромидот, лукот, краставичките, морковот и виршлите. Убаво се миксираат и така ситната смеса се додва во макароните. Се додаваат пченката и грашокот и се зачинува. Потоа се премачкува со мајонез по вкус.