Крцкава кора од јуфки
Состојки
- 1 лажица сол
- 300 гр млеко
- 200 гр топла вода,
- 3 јајца
- по желба/потреба јуфки
Подготовка
Во тавче ги ставаш јуфките и ги попрскуваш со масло. Се ставаат во рерна на 150 степени колку да заруменат. Потоа се вадат и се посипува филот.
Во посебен сад се приготвува филот. Млекото се меша убаво со водата топла и се додава солта. Убаво измешаната смеса се полева врз јуфките и повторно се стават во рерна. Се остава да се пече околу 15 минути. Така приготвената крцкава кора од јуфки е спремна за сервирање. На здравје