Растурена сарма со шампињони
Состојки
- 1/2 зелка од расол
- 500 гр. мелено месо
- 250 гр. ориз
- 2 главици кромид
- 2 моркова
- 200 гр. маринирани шампињони а може и свежи
- 1 лажичка буковец
- 1 лажичка црвен пипер
Подготовка
Зелката се сече на парчиња и се става во тенџере со малку масло да се испржи. Се посолува. Се пржи со поклопен капак на тивок оган и повремено се пробркува. Зелката се пржи додека испари сокот што го испуштила и да се пропржи 2 минути на масло.
Во друга тава се пржи кромидот заедно со морковот. Кога кромидот ќе омекне се додавааат шампињоните и посолуваме. Потоа се додава и меленото месо и останатоте зачини сол, црн пипер, мешавина зачини, ловоров лист и се пржи со постојано мешање. Откако ќе се испржи и месото се додава оризот и убаво се промешува.
Во тавче се измешува смесата со месо и ориз заедно со зелката и додаваме 1 лажичка буковец и една лажичка мелен црвен пипер. Убаво се промешува и се додава ситно исечкан магдонос, а потоа и зовриената вода (3спрема 1) во однос на оризот. Тавчето се става во загреана рерна на 250 степени околу 40 минути.