Испечати

Сникерс баклава

Сникерс баклава

Состојки

  • 500гр кори за баклава
  • 350гр мелени печени кикирики
  • 50гр мелени плазма бисквити
  • 150гр рендана чоколада за готвење
  • 150гр шеќер
  • 150мл зејтин(за премачкување на корите)
  • 800мл вода
  • 650гр шеќер
  • 1 лимон
  • 150гр чоколада за прелив
  • 150гр мaргарин за преливот пред печење

Подготовка

Се зема една кора и се попрскува со зејтин. Над неа се става втора кора и се наросува со филот.

Фил
Се мешаат сите состојки кикириките, бисквитите, шеќерот и чоколадата. Филот е сосема доволен за корите и затоа немој да штедите слободно може да се ставаат по 4 полни лажица на ролат.
Значи откако втората кора ќе се нароси со филот се витка во ролат и притоа убаво се стега.Така се прави и со останатите кори додека не се потрошат. Откако ќе се свиткаат ролатите баклавата се прелива со растопениот маргарин и се става да се пече,
Испечената баклава уште врела се прелива со ладниот шербет и кога ќе се олади се декорира со растопена чоколада.
Составот на оваа баклава е доста компактен и вкусот е навистина прекрасен.

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Ростер

Ростер