Посни чајни колачиња
Состојки
- 400 гр. чајни тркалца
- 200 гр мармалад од јагоди
- 100 гр кокос
- 200 мл млака вода
- 3-4 лажици шеќер
Подготовка
Брзи лесни и вкусни колачиња и не одземаат многу време.
Најпрво ставете ја водата во сад, додадете го шеќерот промешајте да се растопи шеќерот и водата да се затопли. Земете едно тркалце ставете со лажичка од мармаладот и со друго тркалце преклопете и притиснете малку. Потоа ставете ги во водата и натопете од двете страни и валајте ги во кокос. Постапката повторете ја и со останатите тркалца.