Пралини со мелени бисквити
Состојки
- 300 гр. бискоти
- 300 гр. мелени лешници или ореви
- 800 гр. шеќер
- 200 мл. вода
- 160 гр. маргарин
- За глазурата
- 300 гр. чоколада за готвење
- 9 лажици зејтин
Подготовка
Од оваа смеса ако правите Пралини во силиконските калапи, излегуваат многу, никогаш не ги изброив...
Прирема
1. Сомелете ги бискотите и лешниците или оревите.
2. Ставете да врие околу 5- мин. шеќерот и водата. Тргнете од ринглата и додадете го маргаринот, промешајте да се стопи. Додадете ги мелените бискоти и лешници или ореви.
3. На пареа стопете ја чоколадата во кој ќе го додадете зејтинот. Внимавајте притоа да не дојде во допир со пареата бидејки водата е најголемиот непријател на чоколадата.
4. Од смесата правете топчиња, втиснувајте ја во калапот, за кратко ставете во фрижидерот и извадете ги. Се така работете додека не го потрошите материјалот. Потоа ставајте по 1 лажичка од веќе спемената глазура во калапот и сега веќе лесно ќе можете да ги втисните формите кои веќе ви се спемани спрема самиот модел од калапот. Така е полесно да се работи.
Нормално дека важи и постапката кога со четка нанесувате по дното и ѕидовите од калапчињата, ставате во фржидер, пак премачкате, повторно да се стврдни чоколадото, па тогаш полнете ги калапите, но мене како првиот начин што ви го напишав ми е многу полесно.
Кога ќе завршите со полнењето на калапот, тогаш излијте од чоколадото за да ги затворите калапчињата и со шпатула или нож поминете за да израмните површината од чоколадата. Оставете сето тоа да постои 15 мин. во фрижидер, потоа секоја пралина лесно кќе ја извадите, а сигурно сум дека веќе знаете како.
Ако вниматлно читавте состојките, значи на 100 гр. чоколада се става 3 лажици зејтин.
Доколку имате термометар, тогаш најдобро е да ја темпорирате чоколадата, тогаш тоа е вистинска глазура. Сигурна сум дека доколку имате, знаете и како се темпорира чоколадата.
Идат празници, ова еден предлог од мене за вашата празнична трпеза.