Испечати

Бомбици со алва и кикиритки

Бомбици со алва и кикиритки

Состојки

  • 200 гр мелени кикиритки
  • 200 гр алва
  • 200 гр мелени бисквити
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1/2 кафено филџанче вода

Подготовка

Исецкајте или изрендајте ја алвата и измешате ги сите состојки освен водата. Неа ќе ја додавате на крај и постепено, се додека не добиете смеса од која ќе можите да обликувате бомбици. Водата можно е да варира спрема тоа колку е пресна алвата.
Направете бомбици и украсете ги со мелени кикиритки, ореви... стопено чоколадо, или што ви е по волја.
Од оваа доза одприлика излегуваат околу 40 бомбици.