Тиквиња
Состојки
- 500 гр пире од тиква
- 300 гр мелени бисквити
- 100 гр шеќер во прав
- 40 гр мелен корнфлекс
- 50 гр путер
- 50 гр мелени (лупени) бадеми или ореви со светла лушпа
- прехрамбена боја (зелена, портокалова)
- 1 лажичка какао
Подготовка
Измешајте ги сите состојки во една компактна маса, така што на крајот ќе ги додавата постепено мелените бисквити во 2-3 наврати. Треба да добиете смеса што ќе може да се обликува со раце, да не е сува и да е компактна кога ќе се оформи. Не би требало да ви се многу во грамажа мелените бисквити, но внимавајте можеби нема да мора сите да ги додадете во смесата. Но, доколку тиквеното пире е поводесто и е од варена тиква можеби, како во мојот случај, ќе ви треба малку плус од наведената доза. Тогаш додадете по желба мелени бисквити или пак мелени бадеми (ореви). Оставете на ладно да одстои околу половина час.
Одделете околу 2 лажици од смесата настрана и обојте ги со зелена боја која ќе ви послужи за обликување на рачките. Одделете и 1/3 и неа обојте ја со какао за да имате шареноликост на оформените тиквиња. И останатата смеса добро би било ако имате портокалова боја да ја додадете и да го пајакнете изгледот.
Со раце оформете топчиња со големина колку орев, одложете ги на хартиени корпиња и со помош на чепкалка втиснувајте шарки одозгора кои ќе наликуваат на тиква (фото). Одозгора од зелената смеса направете рачки и залепете ги (благо втиснете) врз тиквичките.
Чувајте ги на ладно до служењето.