Салата со праз, моркови и јаболко
Состојки
- 1 страка праз
- 2 моркови
- 1 кисела јаболка
- 4 лаж мајонез
- пола лимон
- по вкус сол, оригано и бибер
Подготовка
Празот ситно се сецка се става во длабок сад каде ќе ја подготвиме салтата. Ги додаваме и изренданите моркови и јаболкото. Го цедиме сокот од лимон и ја полеваме салатата ги додаваме солта, биберот и ориганото го ставаме и мајонезот и се заедно мешаме. Потоа сервираме во длабок сад за салата.