Рижото со мешан зеленчук и сланина
Состојки
- 250гр. ориз
- 300гр. смрзнат мешан зеленчук(боранија, грашок, пченка,морков, целер,домат,млад кромид,праз,грав,магдонос)
- 1/2главица кромид
- 40гр. путер
- 250гр. чадена сланина
- по потреба сол, црн бибер, вегета
- 1коцка за супа( од зеленчук)
Подготовка
Во тенџере на оган ставете вода и коцката за супа.
Во тава додајте маслиново масло и сецкан кромид и кратко пропржете.
Додајте ја сланината и пропржете уште малку.
Додајте ги оризот и мешаниот зеленчук, зачинете, налејте од супата и оставете на тивок оган да се динста.
Откако водата ке испари, а оризот е сварен додајте го путерот и промешајте да се растопи.