Домашен зелкарник
Состојки
- 1 кг. брашно
- 400 мл млака вода
- 1(1-2 кг) зелка
- 3 лажици масло
- 1 квасец
- 1 лажиче сол
Подготовка
1. Се замесува средно тврдо тесто. Се дели и секоја половина пак се дели на 6 дела. Вкупно треба да се добијат 12 топчиња.
2. Од првото топче се расукува мала коричка, се премачкува со масло и врз неа се става друга расуканa коричка.
3. Откако ќе се направат 6х2 корички се почнува со расукување. На набрашнета маса се расукува еден дел. Првата кора треба да биде поголема од другите 5.
4. Се премачкува тепсија со масло и се става првата расукана кора, која треба да е поголема од тавчето бидејќи на крај од неа се прави витка.
5. Зелката ситно се секца и заржува, кората се попрскува со масло и со запржена зелка, а врз неа се става друга кора, која е со големина колку тавчето. Така се реди сè додека не завршат сите кори.
6. Последната кора се премачкува само со масло. Се витка витката и пред печењето се сече на парчиња.
7. Се пече во загреана рерна на температура од 220 степени околу 25 минути.
8. По печењето откако ќе се извади од рерна се покрива со крпа за малку да омекне.