Испечати

Ламбада колач

Ламбада колач

Состојки

  • За кексот
  • 5 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пециво
  • Желе
  • 1 л фанта
  • 3 пудинзи од ванила
  • 5 лажици шеќер
  • Крем
  • 1/2 л млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 7 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 150 гр маргарин
  • Чоколаден прелив
  • 200 гр чоколадо
  • 2 лажици млеко
  • 50 гр маргарин

Подготовка

Верувам дека повеќето од вас или го имаат запишано овој рецепт за колачот или го имаат пробано на друго место. Во мојата стара тетратка со рецепти постои барем триесетина години, а го препишав од мајка ми која го правела уште од поодамна, ама наместо фанта, ставал оранж, јупи или пак цеден сок од портокали, значи изборот за сокот е ваш.
1. За кексот, измиксајте ги сите состојки и испечете го во правоаголна тава, не многу голема. Оставете го да се олади.
2. За желето, сварете го, претходно пудинзите растворете ги во малку сок, па така врело потурете го над кексот.
3. Кремот направете го така што пудингот и брашното ќе ги измешате во малку млеко, па турете ги во преостанатото млеко кое врие заедно со шеќерот и ванилата. Кога ќе се олади, промешајте го кремот со измиксаниот маргарин.
На крајот прелијте го колачот со преливот.