Колачиња овошни фигури
Состојки
- 200 мл вода
- 250 гр шеќер
- 100 гр маргарин
- 11 лажици гриз
- 2 ванила
- 200 гр кокос
- по желба/потреба прехрамбени бои
Подготовка
На тивок оган се става да зовријат водата, шеќерот и маргаринот. Потоа се додава гризот помешан со ванилата и кокосот. Се промешува. Се замесува тесто и го делиме на повеќе делови. Во секој дел ставаме прехрамбена боја. Бојата зависи од тоа какви фигури сакаме да правиме. Ги обликуваме колачите во саканата форма. Потоа ги ставаме во ладилник . На здравје