Интегрален леб
Состојки
- 450 гр. брашно
- 450 мл. вода
- 2 лажички сол
- 20 гр. квасец
- 1 лажица светлокафен шекер или мед
Подготовка
Е до овој леб,ништо ми се чини побрзо нема, само времето да стаса, толку е занимацијата околу него. Брзо, едноставно, лесно - полесно нема, а имате леб кој го поскувате...еве неговата лесна подготовка
1. Во садот во кој што ќе го месите или бркате тестото, ставете го брашното, солта, шеќерот (ако користите шеќер, ако ставите мед, тогаш медот растворете го во водата). Растворете квасецот, ставете во ванглата со спреманото брашно, разбркајте со бркалка, не мора со рака да работите, само од долу нагоре пробркајте го.
2. Во модла од прилика од 1200 запремнина или 1500 мл. која ќе ја навлажните или намрснете по дното или страниците, ставете хартија за печење. Истурете го тестото, велам да истурите бидејки е ретко. Оставете да стаса. Времетраењето на стасување зависи од тоа колку ви е топло во просторијата, но нема за долго да трае, додека испиете кафето - готово е.
3. Кога ќе забележите дека тестото веќе ја полни модлата, вклучете ја рерната на 250 степени - битно е да прво биде многу топла рерната. Кога веке модлата е полна со тестото, намалете ја температурата на 200 степени и ставете да печете околу 40 мин.
Мојата пријателка Кепица вели вака, додека го печете лебот, послушајте малку музика....
СОВЕТ
- ништо не е полош лебот и од мешавина на р,жано брашно со бело брашно
- нема да згрешите ако ставите микс на семки
- овој леб има голема влажност, затоа кога ке го извадите од рерната - за кратко нека постои колку да можете да го извадете од модлата и оставете го да се лади на решетка.
Пријатен ручек ви посакувам!