Лепињи со пиво
Состојки
- 400 мл. пиво
- 600 - 650 гр. брашно
- 10 гр. квасец
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
Подготовка
Авторката на рецептот - Милица (многу ми е пријателка-) вели вака-
Кога ќе ви остане пиво, замесете ги овие лепињи, а нема да згрешите и ако намерно купите за да ги месите. Навистина е така, покрај тоа што се вкусни, лесно се прават. Нема голема филозофија во изработката.
1. Подгрејте го пивото од кое ќе одвоите 100 мл, и во него ќе го растворите квасецот со шеќерот.
2. Брашното и солта измешајте ги и замесете тесто од веке стасаниот квасец и останатото пиво.
3. Оставете 2 часа да стасува.
4. Разделете го тестото на толку делови колку што ке сакате да бидат големи лепињите.
5. Оставете ги да стасат, премачкајте ги со зејтин, набоцкајте ги со вилушка.
6. Ставете да се печат во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25 мин. Кога ќе ги извадите повторно ги премачкајте со зејтин или маргарин, изберете вие. Во некоја варијанта се премачкуваат и со разматено јајце со зејтин.
СОВЕТ
- Не брзајте кога ги оформувате, да не заборавите како јас што заборавив да ги сплескам за да навистина бидат лепињи, а кај мене лепчиња испаднаа, едноставно заборавив...
- Честопати месам одвечер тесто, па одлучив и ова да го замесам одвечер, го ставив во фрижидерот - наредниот ден ги печев.
- Ако ви остане од тестото - соберете во кеса и ставете во обичен фрижидер, ќе стои една недела.
Јас ви ги препорачувам овие лепињи, но како што реков, не заборавајте да ги сплескате тенко, тенка кора, крцкава. мераци големи е....
Сладете се,
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Ростер