Испечати

Говедско со ориз во Делимано тава

Говедско со ориз во Делимано тава

Состојки

  • 700 грама говедско месо
  • 400 грама ориз
  • 7 лажици зејтин
  • 1 пиперка
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажица зачин за сочно говедско
  • 1 главица кромид

Подготовка

Најпрвин го сецкаме кромидот, пиперката , морковот и солта и ги запржуваме додека малку не порумени кромидот. Го додаваме месото сецкано на коцки и го запржуваме неколку минути. Додаваме зачини и околу 250 мл вода. Динстаме на тивок оган околу еден час, а може и повеќе време додека месото добро не омекне.
Во меѓувреме го требиме оризот, го миеме со вода. Кога месото е добро издинстано го додаваме оризот и запржуваме неколку минути заедно со месото. Додаваме врела вода околу еден литар. (За попрецизна мерка за водата, оризот ставете го во чаша и мерете со истата чаша 1 дел ориз 3 вода). Ја ставаме тавата на тивок оган на рингла и одвреме навреме проверуваме да не се превари оризот. Ова јадење многу ни се допадна, се надевам и на вас. Добар апетит.