Птичјо млеко или шне нокле
Состојки
- 5 јајца
- 1 л млеко
- 6 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 прашок за пудинг од ванила
- неколку од вашите омилени бисквити
- 2 ребра чоколадо
Подготовка
Одделете ги белките од жолчките. Белките со “зрно“ сол убаво и цврсто изматете ги во шам.
Ставете го млекото на среден оган да се вари и за тоа време изматете ги посебно жолчките со шеќерот, ванилата и прашокот пудинг од ванила.
Кога млекото ќе дојди до степен на вриење со лажица ставајте од белките и варете ги околу 1 минута од двете страни (по 30 секунди од една). Не ставајте по многу одеднаш, нека има простор. Ако ви е тешко да ги вртите тогаш полевајте ги со помош на лажицата од врелото млеко.
Во длабока чинија искршете од бисквитите и над нив одложете ги ноклите кои предходно сте ги извадиле со решеткаста лажица.
Откако ќе завршите со овој процес, во истото млеко на крај, додадете ја предходно припремената смеса со жолчки и сварете крем. Нанесете од кремот со помош на лажица покрај белките пообемна количина. Нарендајте чоколадо одозгора или ако сакате мармалад, па и дел од дробените бисквити, или некој прелив, чоколаден, овошен... изборот е по ваша желба. Оставете во фрижидер да се оладат и сладете се. Ако немате трпение како мене, една порција можи и веднаш да си ја испробате)))
Совет
Повеќето кои го правеле овој рецепт, советуваат кога се вари кремот да не се греби силно по дното затоа што на него се има исталожено (запечено) слој од млекото кое се користело подолго време на ринглата. Но, јас ве советувам со „финтата“ која ја научив од мајка ми. Таа секогаш кога порано се вареше млекото тоа го применуваше... Пред да го турите млекото во садот во кој ќе го варите, турете малку вода во него, колку да го покрие дното и ставете го на шпорет. Кога водата ќе зоврие, додадете го млекото и не варете на најјака температура. Секако, тоа би требало да не важи и за садовите на Делимано, но наскоро лично и тоа ќе го дознаам кога истиов рецепт ќе го испробам во садот кој наскоро го очекувам )))