Путер од кикирики
Состојки
- 100 гр. несолени печени кикирики
- 1 лажица мед
- 1 лажица зејтин
- прстовет сол
Подготовка
Путерот од кикирики има многу хранливи материи и се вклучува во здрава исхрана.. Јадењето во умерени количини може да ви обезбеди здравствени придобивки. Путерот од кикирики е особено добар извор на витамин Е и Б3 или ниацин, како и протеини и одредени минерали. Поголемиот дел од маснотиите кои ги содржи путерот од кикирики се незаситени масти и се здрави за срцето и така натаму, за него можете да се информирате секако барајки помош од чичко Гогле...(и ова тој на мене ми го кажа)
И покрај напред наведеното, кај нас путерот некако наместо да се намачка, со лажица го јадеме, јас сум прав зависник од него, а не изгледам како американка (нели тие се дебели). Сум чула дека во Америка имало продавници каде што веднаш на лице место ке си порачаш колку да ти направат- додека се свртиш, - веке и запакуван. Ние не сме во Америка, плус многу сме си работни и ке си го направиме домашен. Денес го спремав бидејки ми требаше за едни колачиња.
Лесен-прелесен рецепт, нема мака воопшто, нема мустра за да му ја многу згрешите, има една маана- бргу го снемува.
Доколку сакате количински повеќе да го споремате, тогаш - дуплирајте ги состојките. Како што кажав погоре- бидејки лесно се спрема, па јас не ни првам по многу, туку го правам почесто.
Подготовка
Во процесот ставете ги печените несолени кикирики, вклучете процесорот да ги само едро сомеле, потоа ставете медот, зејтинот... вклучете процесорот да работи- (а не е никаква грешка да се заедно стави се во процесорот). Ќе биде потребно неколку пати да го отворите процесорот за да со лажиче соберете од ѕидовите што се полепил веќе почнатиот путер.. така неколку пати. Готов е путерот кога ќе забележите дека е тој сосема кремаст и се појавува зејтинот.
Соберете во тегличе, ставете во фрижидер...
Рокот на траење велат дека е подолг, но јас тоа искуство го немам и неможам да ви кажам, кај мене најмногу има стоено околу недела дена, а овој денешниот ниту 5 мин.
Доколку сакате и да ви крцка - тогаш во веке готовиот путер додајте и сецкани кикирики.
НАПОМЕНА - каде се може да се користи
- Се мачка на леб и врз него слатко или мед.
- Се користи во смеса за колачи
- Се користи во филови за колачи и пралини
- Се користи во филови за торти
- Помешан со Дулче де лече - или Крем карамелот- фантастичен спој за полнење на пралините..... се користи секаде каде што вие ќе посакате да го искористите добро комбинирајки го со останати состојки.
Нека ви е слатко!