Тартуфи
Состојки
- 280 гр. чоколадо со 60% какао
- 200 нл. слатка павлака
- 40 гр. маргарин
- за валкање кокос, чоколао во прав, какао
Подготовка
Лесно, а вкусно, единствено чекањето на времето кое е потребно за да успеат е најтешката работа,
Подготовка
- Загрејте ја слатката павлака до вриење (внимавајте да не проврие), додадете во неа чоколадото и на тивок оган мешајте се додека не се стопи чоколадото. Тргнете од ринглата и додадете го маргаринот исечен на коцкички. Разбркајте и одложете во фрижидер да се смесата стегни.
- Од стегната смеса со лажичка земајте од смесата, направете кугличка и веднаш ставете во смесата која сте ја избрале за да ги увалувате. - кокос, чоколада во прав, какао, мелени ореви, мелени лешници, кокос - тоа е ваш избор. Оставете ги повторно во фрижиер.
Совет-
-Најдобро да се спреми одвечер и да стои цела ноќ за да можете наредниот ден многу полесно да ги оформите.
- Од самата топлина на рацете смесата се малку одпушта - поради што е потребно почесто да си ги миете рацете.
- Кога така увлани пак одстојат - јавете се да кажете м.м.м.м. вкусноооо!
Нека ви е слатко!