Ледени коцки (со гриз)
Состојки
- Кора
- 5 јајца
- 2 белки
- 5 лажици млака вода
- 5 лажици мелени ореви
- 7 лажици брашно
- 3 лажици какао
- 1 пециво
- Фил
- 500мл. млеко
- 200гр. гриз
- 250 гр. шеќер во прав
- 250 гр. маргарин
- 2 жолчки
- Глазура
- 150 гр. чоколадо
- 2 лажици масло
- 1 лажица шеќер
- 4 лажици млеко
Подготовка
Кора
Јајцата и шеќерот се матат со миксер. Се додава водата и убаво се измешува. Се исклучува миксерот и настрана се мешаат брашното, мелените ореви какаото и прашакот за печиво. Оваа мешавина се додава во садот за матење и се меша со лажица.Откако убаво ќе се измеша се пече на 200 степени 25 минути.
Фил
Млекото се загрева на оган и во него се додава гризот. Се меша додека не се згусне. Се трга од оган да се излади.. Откако ќе се излади во длабок сад се мати маргаринот, шеќерот во прав и 2те жолчки и се додава изладениот гриз.
Испечената и изладена кора се премачкува со филот а одозгора се става глазура од црно чоколадо. За глазурата во сад на тивок оган се загрева чоколадото заедно со маслото, шеќерот и млекото. Откако убаво ќе се растопи се полева врз филот и се остава да се стегне. Колачот се става во фрижидер и се служи ладен.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Сет тави за пица