Испечати

Тригон баклава

Тригон баклава

Состојки

  • 1/2 кг кори за баклава
  • 4 лажици гриз
  • 200 мл вода
  • 4 лажици шеќер
  • 200-250 гр мелени ореви
  • * за шербет
  • 750 гр шеќер
  • 1/2 л вода
  • 1 лимон (по желба)
  • * За попрскување на корите
  • 1 шоља кисела вода
  • 1 шоља масло

Подготовка

Оваа баклава е едноставна и многу вкусна, а не толку многу блага, дури би се рекло и евтина, одомаќинета и обожавана кај нас многу години наназад, потврдено и од секој кој ја пробал)))

Најпрво се подготвува филот.
Во тенџере на оган се става водата со шеќерот да зоврие. Потоа се додава гризот и се меша додека убаво се згусти (свари).

Тенџерето се трга од оган и во него се додаваат мелените ореви. Количината е флексибилна и не губи на квалитет и може да варира како во напишаните мерки. Треба да добиете густа смеса.

Корите можат да се спремат на 2 начини. Едниот е да ги исечете на 4 еднакви дела сите заедно и потоа да си земате дел по дел, а другиот е да си земате по една кора (без сечење) и да ја превиткате еднаш на пола и потоа уште еднаш. Доколку имате потанки кори употребете го 2от начин, а доколку се корите подебели 1от, бидејќи во тој случај ќе треба да редите по 3 кори за еден тригон.
И во двата начини потребно е со помош на мало лажиче при секое поклопување на корите да ги попрскувате со маслото и киселата вода.

Откако сте ја спремиле „траката“ од кори за виткање тригон, на почетокот ставете едно полно лажиче фил и виткајте тригони (приказ на сликата).

Тригоните баклава редете ги на намастен плех и прелијте ги одозгора со остатокот масло и кисела вода со кои сте ги попрскувале корите.
Печете ги во загреана рерна додека не добијат убава темножолтеникава боја.

Во меѓувреме спремете го шербетот, така што ќе ставите на најсилен оган водата и шеќерот да зовријат, а потоа ќе го оставите да довари на исклучена рингла.
Потурете со млак шербет и млака баклава или со ладен шербет и оставете преку ноќ убаво да се впие, иако ние тоа скоро никогаш не чекаме, барем по едно мора да се проба )))