Испечати

Вкусни еклери

Вкусни еклери

Состојки

  • еклери
  • 100 мл масло
  • 200 мл вода
  • 200 гр брашно
  • 3 јајца
  • 1/2 пециво
  • крем
  • 7 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно или густин
  • 1 пудинг од ванила
  • 1 ванила
  • 2 јајца
  • 600 мл млеко

Подготовка

За еклерите
Се ставаат водата со маслото да зовријат, па се трга на страна и се додава брашното. Се меша убаво да се згусне и уедначи и се става да се лади.

Во меѓувреме се спрема кремот
Од млекото се одлеува околу 200 мл и во него се раствора пудингот, со брашното/густинот и 2 јајца,убаво се меша да нема грутки. Во тенџере на оган се става остатокот од млекото со шеќерот и ванилата да вари и кога ќе зоврие се става млекото со пудингот и убаво се меша додека да згусне, па се тргна на страна да се лади.

Откако смесата за еклерите е оладена му се додава пецивото и едно по едно јајце, после секое јајце прво убаво се меша да се соедни смесата па се додава другото.
Рерната се загрева на 200 степени. Плехот се обложува со хартија за печење и со кафено лажиче се зема од смесата и се става во плехот едно до друго, доволно одлалечени па откако ќе се наполни цел плех се ставаат во рерна и се печат без отварање околу 20 мин. Кога се готови, се ладат па се сече горниот дел, се филува со филот и се затвора, па се посипува со шеќер во прав или чоколаден прелив.
На здравје!