Пита на поинаков начин
Состојки
- 350 мл млеко
- 100 мл вода
- 600 гр брашно
- 20 гр свеж квасец
- 1 и 1/2 лажиче сол
- 100 гр маргарин и 5 лажици масло (за премачкување)
- спанаќ и сирење за фил
Подготовка
Најпрво ставете го квасецот во топлото млеко, заедно со водата и оставете го така дваесетина мин. Потоа ставете го брашното и солта и измесете меко тесто. Тестото поделете го на три дела.
Сега земете еден дел од тестото и исучете го што потенко можете во правоаголна форма. Префрлете го на некој кујнски чаршав и испрскајте го со половината од стопениот маргарин измешан со маслото.
Потоа исучете го и другиот дел и ставете го преку првиот. На него ставете го филот од обарен и исецкан спанаќ, промешан со сирењето.
Одозгора ставете го и исучениот трет дел од тестото. Испрскајте го со другиот дел од смесата со маргарин.
Сега од лево и од десно преклопете го тестото, па одгоре и оддолу, да се добие нешто како плик (подобро се гледа на фотографиите)
Пликот што ќе го добиете префрлете го во плех покриен со хартија, со преклопот одоздола.
Одозгора премачкајте ја питата со жолчка промешана со а лажиче масло, пресечете ја на 8 триаголници и украсете ја со семки.
Приклучете ја пелната на 180 с. и додека се загрее, питата малку ќе скисни.
Печете додека убаво не се зарумени, отприлика половина час.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Ростер