Бела саламица
Состојки
- 2 Jајца
- 200 гр. шеќер
- 90 гр. маргарин
- 100 гр. бела чоколада за готвење
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 200 гр. кокос
- 6 коцки желе
- 5 крем банани
Подготовка
Јајцата и шеќерот се матат со жица за матење. После смесата се става да се готви на пареа или на потивок оган, со непрекинато мешање со лажица. Кога смесата убаво ќе се згусти и со лажицата се прави пат во садот, се додава и маргаринот, белата чоколада и ванила. Откако ќе се растопат се трга садот на страна и се додава и кокосот. Се меша убаво да се добие хомогена смеса. Се додаваат и желе коцките насечкани на ситни парченца. Повторно убаво да се измеша.
Во калап обложен со најлонска фолија нанесуваме пола од смесата, израмнуваме, па врз неа ги редиме крем бананките свртени со рамната страна нагоре и ги притискаме убаво да се залепат за сместа. Врз нив ја ставаме и другиот дел од смесата со кокос. Убаво се притиска со лажица за да се израмни саламицата и се обвиткува со најлонската фолија. Се остава 2-3 часа на ладно и после може да се сечат парчиња и да се служи.
Ситен колач кој не се пече, брзо се прави, вкусен и декоративен.