Солена торта со цвекло
Состојки
- 600 гр варено цвекло
- 1 лимон
- 200 гр урда
- 150 гр козјо сирење
- 100 гр кисела павлака
- 3, 4 кисели краставички
- 1 лажичка зачин куркума
Подготовка
Цвеклото се вари околу 1 час. Убаво свареното цвекло се сече на многу тенки кругови и се полива со свежо исцеден сок од еден лимон.
За тоа време се подготвува филот од урда, дробено козјо сирење, се рендаат краставичките, се додава куркума и сето се меша со киселата павлака. Во длабок сад обложен со најлонска фолија скалесто се редат круговите од цвекло прво странично, а потоа со скалесто редење се потполнува со цвекло и дното од садот. На вака обложениот сад со кругови цвекло се додава во средината и филот. Убаво се израмнува филот до врвот на садот и врз него се редат останатите кругови цвекло. Се покрива садот со фолијата од сите страни и се става садот да се лади во фрижидер околу 1 час. Во зависнот од големината на садовите може да ви излезат 1 или 2 торти. Се превртува на рамна чинија и се сече на парчиња.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Тава со рачки