Делимано Срциња
Состојки
- 400 грама шеќер
- 100 грама вода
- 100 грама маргарин
- 150 грама ореви мелени
- 150 грама бисквити мелени
- 100 грама чоколадо црно
- 1 лимон
Подготовка
Шеќерот се вари со водата и маргаринот. Откако ќе стани течно се додаваат мелените ореви и мелените бисквити и рендата кора од лимон.
Се меси тестото и се сука како кора и се вадат форми од срциња. Подоцна се потура глазура од црно чоколадо.