Пченкарни колачиња
Состојки
- 200 гр путер
- 100 гр шеќер
- 270 гр брашно
- 100 гр пченкарно брашно
- 1 ванила
- 1 портокал (само кората)
- бело и црно чоколадо (за декорација)
Подготовка
Путерот треба да е собна температура.
Додајте ги сите состојки во него и измесете тесто. Од тестото кинете парчиња поголеми од орев и од нив направете форми, јас ги правев во вид на колбавчиња, а можете и да исучите кора и да вадите со калапчиња. Печете ги на 180 с. петнаесетина мин. да останат бели.
Декорирајте ги со бело и црно чоколадо.